Родителите честопати претеруваат со грижата кон децата, мешајќи ги притоа поимите на внимателност со паника, па реагираат на секоја активност што ја презема детето. На тој начин креираат личност која ќе чувствува несигурност и страв, сметајќи дека на секој чекор може да се соочи со некаква опасност.
Кога мајките и татковците постојано се грижат дека детето може да се повреди додека си игра надвор, дека ќе падне додека се лула или искачува на игралиштето, секоја нивна гласна реакција и предупредување, создаваат навика кај детето да креира страв од сите ситуации во кои се наоѓа.
„Родителите често претеруваат со грижата, мешајќи ги поимите на внимателност со паника,па штом детето почне да трча, веднаш го опоменуваат да забави затоа што може да падне. Ако детето знае да плива, не му дозволуваат да плива во длабокото, за да не се удави. Кога се качува на лулашка, родителите му стојат над главата, говорејќи му дека може да се повреди. И што се случува потоа? Тоа дете ќе израсне во личност која ќе чувствува страв во секоја ситуација, затоа што несвесно веќе е научено дека на секој чекор демнее некаква опасност “ – објаснува психологот Лаура Лепоре, советувајќи ги родителите да се грижат за безбедноста на децата, без да создаваат
паника.