X
 26.11.2017 Живот

Детски игри за поттикнување на креативноста

За детето да не го поминува слободното време пред екраните од мобилните телефони или таблети, експертите советуваат родителите со нив да играат игри и со тоа да ја стимулираат нивната креативност. Со сето тоа се гради квалитетен однос помеѓу родителот и детето.

Ова се примери на игри кои можете да ги играте со децата. Некои се наменети за помали деца, но повеќето може да се прилагодат на возраста и полот.

1. Кретивни игри на создавање


Земете различни материјали од домот – хартии, кутии, пластика. Дајте му на детето да направи што ќе посака. Дајте му многу бои и различни материјали и така ќе го поттикнете неговото фантазирање.

2. Збор по збор – приказна

Почнете ја играта така што ќе изговорите еден збор кој ќе биде првиот од реченицата. Следното лице мора да го повтори првиот збор и да додаде свој. Третото лице мора да ги повтори претходните два збора и да додаде свој за целата реченица да има смисла и редослед.

3. „Каладонт“

Традционална игра, која е забавна и интерактивна. Изговарањето на зборовите се надоврзуваат на претходните два слога, на пример: кукла – ластовичка – камера итн.

4. Драмски игри

Предложете им на децата да глумат, некого или нешто, или на картички напишете поими и ликови кои треба да се одглумат. На тој начин ќе ви биде позабавно бидејќи ќе мора да се погоди кои сте вие.

5. „Погоди кој“

И оваа игра е слична како претходната, но е наменета за постари деца. Секе лице кое учествува на лист запишува име на позната личност. Листовите се делат па со самолеплива хартија ги лепите на чело за да не видите кое лице „сте го добиле“. Играта се игра во круг, па секое лице треба да поставува прашања, а одговорите се само со „да“ и „не“.

6. „Следи го лидерот“

Кажете му на детето дека тој е лидерот. Нека се движи, зборува и гестикулира по желба. Останатите мора да ги следат неговите движења и да ги повторуваат, а оној кој ќе погреши излегува од игра.

7. „Допри нешто жолто“

Кажете му на детето да допре нешто жолто и тоа треба да се движи низ просторијата и да пронајде жолто парче мебел или предмет. Потоа, продолжете со друга боја или материјал. Ова е добра игра за повторување на боите и размислување.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот