Веќе подолго време е познато дека „Samsung“ ќе ги претстави двете верзии на „Galaxy S8“ паметниот телефон – поголемата и помалата верзија. На веб страницата „SlashLeaks“ се појави и првата фотографија на која се прикажани двата мобилни телефони.
Регуларниот „Galaxy S8“ има екран од 5,7 инчи, додека пак „Galaxy S8+“ има џиновски дисплеј од 6,2 инчи.
Освен споменатото,
фотографијата докажува и дека смартфонот нема да има физичко „home“ копче на предната страна.
Од останатите функции кои можеме да ги очекуваме од овој уред е и дигиталниот асистент со име „Bixby“, но и „dock“ кој телефонот ќе го претвори во десктоп компјутер.
Се очекува и процесор од најновата генерација, „Snapdragon 835“, со 4 GB RAM меморија и батерија од 3.500 mAh (за поголемиот модел).
„Samsung“ ќе го претстави „Galaxy S8“ на 29 март во Њу Јорк.