X
 24.02.2021 Технологија

Неверојатни фотографии што ќе ве потсетат колку далеку стигна технологијата

Додека чекаме квантните компјутери да станат сеприсутни или додека се прашувате што се случи со летачките автомобили, лесно е да се заборави колку далеку стигна технологијата во изминатите 50 години.

Можеме да наведеме еден куп иновации што го променија начинот на работење на светот - интернет, паметни телефони, радиотелескопи.

За среќа, фотографиите честопати зборуваат погласно од зборовите. Во продолжение ви нудиме неколку фотографии што ќе ве натераат да застанете и да им се заблагодарите на научниците и инженерите што нѐ доведоа онаму каде што сме денес.

1. „PDP-7“

1
Фото: Тoresbe/Wikimedia

Ова е „PDP-7“, микрокомпјутер произведен од „Диџитал екуипмент“ во далечната 1965 година. Во тоа време се сметал за исклучително моќен и чинел релативно евтино - 72.000 долари. Имал меморија од 9 килобајти, но можел да се надополни со 144 килобајти.

2. „Една минута“ има многу различно значење денес

2
Фото: Statista

Од една страна, не е ни чудно што се чини дека времето ни поминува побрзо овие денови. Од друга страна, 2020 година некако траеше многу долго.

3. Компјутерот со чија помош „Аполо 11“ слета на Месечината имал помала моќ на обработка отколку калкулатор ТИ-83

3
Фото: NASA

Сериозно, инженерите на „Аполо“ направиле маестрална работа со оглед на ограничената технологија што ја имале тогаш.

4. Кога сме веќе кај вселената, сега многу појасно ги гледаме работите

4
Фото: Science magazine

A aко овие прекрасни фотографии не се доволни, во 2021 година пристигна и првата видеоснимка од слетувањето на роверот на Марс.

5. 1993 наспроти 2013 - сето ова во еден уред

ured
Фото: Reddit

Да не споменуваме дека „ајфон 12 Про“ сега има ЛИДАР, технологија што се користи за да се најдат траги од антички урнатини.

6. Работите станаа помали



Хард-диск од 5 мегабајти се испраќа од Ај-би-ем во 1956 година.

7. Ова се случи во период од 9 години

7
Фото: Reddit

8. Во 1946 година шест жени биле избришани од историјата на технологијата.



До сите режисери што прават научнофантастични филмови: вака денес изгледаат вистинските научници кои успешно слетале мисија на Марс.

Извор: Sciencealert.com
Фото: Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија