Има неколку многу лесни начини како да го продолжите животот на батеријата на вашиот паметен телефон, а голем број од нив се поврзани со начинот на кој го полните. Еве неколку.
1. Никогаш не полнете ја батеријата докрај
Водете сметка за тоа батеријата секогаш да е полна меѓу 20 и 80 отсто. За ова можете да користите и софтвер кој ќе ве потсетува кога батеријата ќе дојде до 80 отсто. Кога ќе се случи тоа, тргнете го телефонот од полначот.
2. Поштедете ја батеријата од ноќното полнење
Скратете го времето што го минува батеријата на сто отсто капацитет со тоа што нема да го оставате телефонот да се полни преку ноќ. Колку и да се отпорни батериите на претераното полнење, тоа сепак полека им влијае на нивната долготрајност.
3. Внимателно со брзото полнење
Ако користите опција за брзо полнење, осигурете се дека уредот не е на полнач предолго по полнењето. Запомнете, повеќе кратки поврзувања со полнач се подобри од едно долго. Ставете го телефонот на полнач кога е на 30 отсто и почекајте да се наполни до 80.
4. Внимавајте на температурата
Батериите од телефоните сакаат собна температура, што значи дека не е паметно да се изложуваат на екстремна топлина или екстремен студ.
5. Ограничете го полнењето на фиксен процент
Ако уредот го дозволува тоа, ограничете го максималното полнење на 80 отсто. Ако немате, побарајте апликација што може да ви го овозможи тоа.
6. Намалете го бројот на активни програми
Користете ги опциите за штедење на батеријата и намалете го бројот на непотребни активни услуги. Сето тоа би требало да го зголеми периодот меѓу две полнења и да го продолжи севкупниот живот на
батеријата.