X
 10.03.2017 Технологија

Начини преку кои нѐ шпионираат

Поголемиот дел од луѓето знаат дека компјутерите можат да бидат заразени со малициозен софтвер, но многумина не знаат дека тој може да се најде и во мобилните телефони.


Business Insider“ објавиле видео во кое познат хакер Кевин Митник покажува два едноставни начини на кои вашиот мобилен може да биде хакиран. Тој вели дека постои софтвер кој може да се купи на Интернет за неколку стотици долари, како на веб страницата „FlexiSPY.com“. Таквиот софтвер може да вклучи нечија камера на телефонот и така да се прочитаат сите смс пораки, па дури и оние избришаните. Може исто така, да се прислушкуваат и разговори и да се одреди локацијата на корисникот.

Кевин информира дека за хакирање на „iPhone“ оператвен систем цената е околу 1,5 или повеќе милиони долари. Додека пак, за „Android“ е поевтино бидејќи е полесно да се хакира и чини околу 200 илјади долари. Кевин додава дека ако државата хакира мобилен телефон, тогаш нема начин за тоа да се открие.

Како еден од начините за заштита на приватноста тој го наведува користењето на најновата верзија на оперативниот систем, користење на силна лозинка и се разбира, никој да не ја знае освен вас. Кевин додава дека доколку корисникот се посомнева дека неговиот телефон е заразен со малициозен софтвер може да го врати на производителот.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија