На видеото подолу кое неодамна е поставено на интернет, 45 мажи на возраст од 5 до 50 години одговараат на прашањето што за нив значи изразот „да се биде машко“.
А како што и може да се претпостави, одговорите варираат од возраста на испитаниците.
За најмладиот меѓу нив „да се биде машко“ значи да се биде „силен“ додека малку постарите го поврзуваат со „храброст“.
Некои тинејџери велат дека слушнале за терминот во случаи кога се двоумеле да направат нешто, па оваа реченица ги поттикнала да го направат.
„Биди машко, каква глупост. Дали тоа значи дека сум жена ако не постапам на одреден начин. Толку сексистички“, вели еден 17 годишен тинејџер.
Едно 24 годишно момче вели дека овој термин е еквивалент на „херој во очите на другите“. Пет години постар маж вели: „Тоа е чисто срање. Што тоа значи? Мажите кои ги понижуваат жените, јас не сакам да бидам таков тип на маж“.
30 годишните се обидуваат во тоа да го видат реализирањето на сонот: „Тоа значи да застанеш во одбрана на работите во кои верувате“. Еден од нив додава. „Што го дефинира мажот? Секој има свој пат. Она што мене ме прави маж веројатно не е она што вас ве прави маж“.
За оние близу 60та година изгледа главната одлика на машкост е верноста.
„Да се биде поштен, да се биде верен на себеси, на своето опкружување, на луѓето со кои работите, со кои живеете, кои ги сакате“, вели еден од најстарите испитаници.