X
 24.11.2015 Наука

Пренос во живо од погледот од вселената

Членовите на екипажот во Меѓународната вселенска станица го имаат најдобриот поглед во вселената. Отсега, секој жител на Земјата ќе може да го има овој поглед додека ужива во својот дом.


Меѓународната вселенска станица патува околу Земјата со брзина од 27.600 км/ч на висина од 409-416 километри. За еден круг околу Земјата, на станицата ѝ се потребни малку повеќе од 92 минути.

Меѓународната вселенска станица е видлива со голо око за време на совршени временски услови. Но, со оглед на тоа што повеќемината сакаат да се чувствуваат како на станицата наместо да ја чекаат за да ја видат на небото, НАСА нуди и можност за следење на патот на станицата над Земјата во живо.

За да ја следите работата на Меѓународната вселенска станица во живо одете ОВДЕ или ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука