X
 12.03.2017 Живот

Нешта кои вреди да ги купите ако сте возрасни

Ако сте студент веројатно е дека ги трошите парите на погрешни работи. Но, кога ќе добиете повеќе искуство сигурно ќе знаете и помудро да раководите со нив и да ги инвестирате во вистинските нешта.

луѓе и ќеси
Фото извор: Mentalfloss/ISTOCK


Прочитајте неколку нешта на кои вреди да се потрошат Вашите тешко заработени пари:

Добар душек

Иако сте способни за заспиете и на каучот и на многу други незгодни места во Вашиот дом, ако не ја направите оваа инвестиција ќе се мачите до крајот на животот. Ако се обидете да потошите што помалку ризикувате да имате бессони ноќи или да купувате нов душек за брзо време.

Квалитетни алати

Можеби не верувате дека сте способни да поправате по дома, кога ќе бидете во некоја очајна состојба ќе сфатите дека сте го знаеле и да закачите слика или полица. Иако при купување ќе посегнете по најевтиниот чекан, платете малку повисока цена за истиот да трае многу подолго.

Тава за готвење

Можеби не Ви се плаќа висока цена за квалитетна за готвење бидејќи брзата храна е поевтина, но верувајте дека нема ништо подобро од домашно зготвено јадење. Таа можеби не е најзабавното нешто што ќе го поседувате, но е суштински дел на секоја кујна што ќе Ви заштеди многу пари и разочарувања на долги стази.

Осигурување (за домот, здравјето и за Вас лично)

За осигурувањето никогаш не постои чувство дека се оправдани парите, но не е исклучена можноста дека ќе Ви се уништи ѕидот на собата за спиење од бањата на соседот над Вас, или дека ќе имате поголеми проблеми со здравјето во ова динамично време на живеење. Животното осигурување може да изгледа како непотребен трошок, но дури и да сте млади може да го поштеди Вашето семејство од преземање на Ваши долгови.

Добри гуми за автомобилот

Гумите можеби Ви изгледаат исто во салонот за автомобили, но ако платите за поиздржливи ќе заштедите многу повеќе. Вистинските гуми може да го одржат влечењето на автомобилот на патот, да ја зголемат удобноста на возачот и да превенираат несреќи.

Квалитетни чевли

Кога станува збор за чевли заборавете на патиките. Добро изработените чевли може да Ве служат години на патувања, работа, социјални активности и да Ви бидат инвестиција која ќе Ви заштеди пари на долги патеки. Ако треба да посетите чевлар дури неколку години подоцна за да види дали тие Ви се во добра состојба, бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот