X
 24.03.2024 Живот

Дали сте слушнале за методот 6-1? Ќе ви помогне да заштедите пари при купување намирници

Готвачот кој го осмислил тврди дека методот го прави купувањето намирници многу полесно и поевтино.

Готвачот Вил Колман, кој раководи со профилот „@chefwillco“ на „Тик-ток“ и „Инстаграм“, смислил метод за купување намирници наречен 6-1, за кој тврди дека може да им помогне на семејствата да заштедат пари кога купуваат.

- Кога и да одите на шопинг, користете го методот 6-1. Земете шест вида зеленчук, пет вида овошје, четири намирници протеинска храна, три скробни намирници, два соса или намази и една забавна работа за себе - вели Колман во вирално видео на „Тик-ток“, кое има 1 милион прегледи.

Кулинарскиот експерт и медиумска личност од Њујорк ги охрабрува луѓето да го тестираат методот за да го направат купувањето намирници позабавно.

- Ова го прави купувањето намирници многу полесно, многу поевтино, а и само влегувате и излегувате од продавницата, па не губите многу време таму. Методот 6-1 се роди од потребата да го поедноставам моето искуство за купување намирници - истакнал Колман.

Исфрустриран од трошењето премногу време во маркети, расипувањето на намирниците и надминувањето на буџетот, тој го смислил овој метод за да го рационализира процесот и да ги реши тие предизвици. Со тоа, ги намалил трошоците, а и добива поквалитетна храна наместо да плаќа за скапа спакувана или преработена храна.

- Можете да бидете многу покреативни во врска со она што го ставате во кујната, а исто така е и поздраво - додал Колман.

Со овој начин на купување храна можете да ги добиете сите потребни макронутриенти, но треба да се погрижите и да го намалите купувањето слатки, грицки, газирани пијалаци и вишок овошје и зеленчук. Веројатно сте свесни дека таквите расипливи производи и онака ќе скапат и ќе завршат во отпад на крајот на неделата.


@chefwillco My 6 to 1 grocery method makes shopping cheaper and easier! Let me know how you like this grocery shopping method. #6to1method ♬ original sound - Chef Will Coleman
Колман верува дека вклучувањето на оваа рутина во неделните или двонеделни пазарења може да помогне во намалување на трошоците и прекин на рутината за купување непотребни работи.

 

Извор: Vecernji.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот