X
 12.03.2017 Технологија

Пронајдете ја лозинката и заработете 100.000 долари!

хакери
Фото извор: Pixabay

За да го подобри својот систем за заштита на компјутерите од вируси, компанијата „AgileBits“ понуди голема сума на пари за оној кој ќе успее да ја пробие нивната лозинка во „1Password“ програмата наменета за заштита на податоците.

Поточно, оној кој ќе успее да ги пробие нивните лозинки во програмата, ќе добие 100.000 долари.

„1Password“ претходно понуди 25.000 долари за секој успешен хакер за оваа иста задача, но наградата за успешно  пробивање на лозинката сега е зголемена за четири пати.

Хакирањето на оваа програма не е ни малку едноставна задача, иако девелоперите припремаат посебна документација која би требало да им помогне на оние кои ќе се обидат да ја освојат наградата.

За да освоите толку пари, потребно е да ја пронајдете скриената шифрирана екстуална датотека која се наоѓа на заштитениот дел од компјутерот. Како доказ за успешен „лов“ на лозинката, на компанијата треба да ѝ се достави точниот текст кој е скриен за да се докаже успешното пробивање на лозинката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија