Светскиот економски форум заедно со „Scientific America“ неодамна ги здружија силите и направија листа на најдобрите 10 иновативни технологии за оваа година.
Начинот на кој се утврдуваат резултатите се потенцијалната способност за подобрување на животот, револуционизирање на индустриите како и заштита на планетата. Ова се тие технологии:
1. 2D материјали - Графенот е водечки материјал во оваа категорија, меѓутоа намалените трошици за производство исто така овозможија да се појават и други 2D материјали.
2. Оптогенетика - Напредокот на ова поле им овозможи на истражувачите да добијат подлабоко разбирање на мозокот и како тој функционира со што би можело да се доведе до подобрувања во третманите поврзани со нарушување на мозокот.
3. Перовскајт соларни келии - Продажбата на овие келии го достигна врвот оваа година, бидејќи луѓето започнаа да ја запознаваат нивната флексибилност и ефикасност.
4. Автономни возила - Ако целосно автономните возила допрва треба да дојдат (оние без волан или педали), оваа област на
технологијата забрзува брзо и ќе продолжи да го прави тоа во текот на следната деценија.
5. Наносензори и Интернетот на нано-работи - Наносензорите ни овозможуваат мерење, следење и квантитет за тоа како функционира системот додека Интернетот на нано-работи ги поврзува овие сензори за меѓусебен преглед на системот.
6. „Blockchain“ технологија - Онаму каде „Bitcoin“ надмина 1 милијарда долари во инвестиции минатата година, оваа технологија добива голем поттик и голема веројатноста да биде името кое ќе го слушаме се' почесто.
7. Метаболичко инженерство - Со најновите научни достигнувања, научниците сега може да ја рекреираат природата и да ги употребат обновливите хемикалии добиени од растенијата како замена за фосилни горива.
8. Вештачки органи - Биомедицинските истражувања одат чекор понапред оваа година бидејќи истражувачите откриле начин да создадат мини вештачки органи овозможувајќи да ги набљудуваат нивните механизми и однесувања без користење на животни.
9. Батерии од следната генерација - Методите за складирање на енергијата исто така направи огромен чекор оваа година со батерии произведени со користење на натриум, алуминиум и цинк кои имаат моќ да напојуваат цели градови.
10. Отворени екосистеми на вештачка интелигенција - Паметните роботи дефинитивно се во пораст оваа година со воведувањето на дигитални асистенти како Сири и Кортана, со што им се отвора поле на други вакви системи.