Факултетот за бизнис економија во наредните четири недели ќе спроведе интернационален студентски проект, во кој како партнери ќе се појават
Државниот Универзитет на Њу Јорк, Платсбург (SUNY) од САД и
Универзитетот на Љубљана – Факултет за администрација (FAUL) од Словенија. Проектот е наречен COOL 2.0, (Collaborative Online Learning), а ќе учествуваат 30 студенти од вкупно пет држави (САД, Словенија, Полска, Португалија и Македонија), кои ќе соработуваат преку специјална платформа наречена BEP (Business Educational Platform), развиена под проектот
ISPEHE (Иновативно стратешко партнерство за европско високо образование - Innovative strategic partnership for European higher education. ISPEHE се имплементираше со поддршка на Европската комисија и Еразмус+ програмата преку
Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, а воедно е најголем проект од овој вид во Република Македонија.
Ова е всушност втора верзија на проектот во овој формат, кој во текот на претходниот семестар беше успешно спроведен од страна на трите институции и во кој учествуваа над 100 студенти од трите земји, како и претставници од бизнис заедницата во САД, Словенија и Македонија.
Целта на COOL е студентите да добијат чувство како е да работат во интернационална средина, која се карактеризира со различни временски зони, организациски култури и голем број на други фактори. Крајниот резултат на COOL ќе биде промотивна маркетинг кампања што би била спроведена во САД, Словенија и Македонија паралелно за идентични производи и услуги.
Проектот се спроведува трета година по ред на ФБЕ, со тоа што оваа година е во најголем организациски капацитет. Координатор на ФБЕ за COOL е м-р Мартин Киселички, координатор за SUNY, Plattsburgh е проф. д-р Richard Gottschall, додека пак координатор за FAUL, Ljubljana е проф. д-р Primoz Pevcin. Студентите кои учествуваат од трите високо-образовни институции се дел од втората, третата и четвртата студиска година.