X
 30.05.2022 Образование

Студентски проект од ФИНКИ: Дали дигиталниот свет го менува реалниот живот?

Факултети.мк ги поддржува студентите и секогаш одвојува простор за нивните приказни, потреби и успеси во земјава и во странство. Во таа насока ја започнуваме и новата рубрика Студентски проекти, во која ќе ги објавуваме трудовите на студентите кои сакаат нивното дело да допре до пошироката јавност. Ги покануваме сите заинтересирани студенти да нѐ контактираат на redakcija@fakulteti.mk.

Матеа Иваноска и Сара Глигорова, студентки на ФИНКИ, го реализираа проектот Дали дигиталниот свет го менува реалниот живот? по предметот Медиуми и комуникации, со цел да обезбедат детална анализа на сѐ поприсутното влијание на дигиталниот свет врз нашиот секојдневен живот.

Истражувањето било спроведено преку анкета на 160 испитаници од три генерациски групи.

Резултатите покажуваат дека возраста и полот на учесниците влијаат врз користењето на дигиталните можности и дека редовното користење на интернетот има значајно влијание врз расположението на луѓето и нивните секојдневни обврски.

Во продолжение може да го видите целото истражување:

Дали дигиталниот свет го менува реалниот живот?

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование