X
 04.09.2019 Образование

Бескаматен студентски кредит за студентите на ФБЕ и ИБЕ

Со цел обезбедување квалитетно и ефикасно образование достапно за сите, Факултетот за бизнис-економија и Институтот за бизнис-економија (ИБЕ) во соработка со НЛБ банка ви ја претставува можноста за финансирање на студиите со студентски кредит со 0% каматна стапка.

Покрај атрактивните услови за студирање и достапноста на цената, ваквиот начин на финансирање на студиите преку бескаматен студентски кредит е уште една можност за олеснување на домашниот буџет.

На нашите идни и сегашни студенти им овозможуваме да добијат студентски кредит по брза постапка. Студентскиот кредит е во износ на трошоците за студирање на Институтот на годишно ниво со можност истиот да се плаќа на 12 еднакви рати без камата. Во интерес на олеснување на финансирањето на студиите, обврската за плаќање на каматата ја презема Институтот.

Сите дополнителни информации, како и формулари за аплицирање, може да се добијат во просториите на ФБЕ и ИБЕ.

Изберете го најповолниот начин за да инвестирате во вашата иднина и вашето образование.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование