X
 14.03.2017 Живот

Имате можност да дознаете кој ја сака Македонија повеќе!

Кој ја сака Македонија повеќе? Конечно имате шанса да дознаете со помош на Македономер - најновата апликација која со сигурност ќе ви открие дали некој навистина ја сака земјава.

Тема во утринската програма „Од нас - за вас, пак, гледачите имаа можност да кажат зошто ја сакаат Македонија, а во дебатната емисија се дискутираше како треба да се сака Македонија.

Вчера беше претставена и Женската платформа.
Ова се само дел од содржините во епизодата 16 на „Фчерашни новсоти“, која од денес е достапна на „Јутјуб“.
Не ја пропуштајте ни репортажата од протестите во Виница, дебатата меѓу теолозите и дарвинистите и еден од најдобрите скечеви досега - градинката „Македонија“.
Епизода 16 - 27 минути на смеа кои во никој случај нема да сакате да ги пропуштите!
Следната епизода веќе се подготвува и ќе може да се погледне во истиот термин - недела, 19:10 на „Телма“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот