X
 15.03.2017 Живот

Американска компанија тајно собирала податоци од корисниците

Американски производител на телевизори се  одлучил да плати 2,2 милиони долари спогдба поради тужба дека незаконски собирал податоци за навиките на гледање на своите корисници.

визио телевизор
Фото извор: express.hr


Федералната агенција за трговија ја обвини компанијата “Vizio” дека евидентирала што и кога е прикажувано на нивните телевизори и дека овие податоци се испраќале на компјутерска компанија.

“Vizio” не го нерирале ова, но се бранеле дека податоците се анонимни, а тоа значи дека точните навики не може да се поврзат со одредена личност.

Според Федералната агенција за трговија ова започнало во 2014 година, а се прателе навиките за гледање на околу 11 милиони телевизори.

Според условите на договорот, компанијата ќе треба да престане да ги собира овие податоци и ќе треба јасно да ги извести луѓето за собирањето податоци. Освен тоа, ќе мора да ги избрише досега собраните информации.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот