Минатата година во војната во Сирија загинаа најмногу деца од почетокот на конфликот. Според податоците на УНИЦЕФ, во 2016 животот го загубија 652 деца, од кои 255 во близина на училиштата. Во оваа бројка влегуваат само формално потврдените случаи, па вкупните бројки би можеле да бидат и поголеми.
Во УНИЦЕФ веруваат дека во 2016 во војска биле регрутирани 850 деца, што е двапати повеќе од податоците за 2015. „Ваквото длабоко страдање е без преседан. Милиони деца во Сирија се соочуваат со напади на дневна основа. Нивните животи се превртени наопаку“, истакна Геерт Кејплер, регионалниот директор за Блискиот Исток и Северна Африка во
УНИЦЕФ, јавува Би-би-си.
Шест милиони деца моментално преживуваат од хуманитарна помош. Околу 2,3 милиони побегнале од земјата, 2,8 милиони се наоѓаат во тешко достапни подрачја од кои 28.000 живеат под опсада.
Минатата недела организацијата
Save the Children предупреди дека милиони деца во Сирија живеат во состојба на „токсичен стрес“ што, доколку не им се помогне за брзо време, би можело да предизвика непоправливи последици. Речиси две третини, во војната го изгубиле или домот, или блиските лица и семејството или биле повредени.