X
 21.09.2023 Политика

Русија и Германија примиле најмногу украински бегалци, еве колку примила Македонија

Многу земји примија украински бегалци од почетокот на војната помеѓу Украина и Русија минатата година. Веб-страницата „Статиста“ објави податоци за бројот на бегалци од Украина во земјите во Европа и Азија од февруари 2022.

Според податоците, Русија имала најмногу украински бегалци до крајот на 2022 - 1,275 милиони. Следува Германија со примени 1,086 милиони украински бегалци до почетокот на септември 2023.

Следни на листата се Полска со 968.390 (до 3 септември 2023), Чешка со 368.300 (до 10 септември 2023) и Обединетото Кралство со 210.800 украински бегалци (до 1 август 2023).

Од земјите во регионот, Бугарија има примено најмногу украински бегалци - 65.765 до 12 септември 2023. Црна Гора примила 56.915 украински бегалци до 4 септември 2023, Грција 25.050 (до 30 јуни 2023), а Хрватска 23.070 (до 8 септември 2023).

Следна на листата е Македонија со примени 17.315 украински бегалци до 3 септември 2023.

Подолу на листата се Словенија со 10.140 украински бегалци (до 4 септември 2023), Србија и Косово со вкупно 5.710 украински бегалци (до 31 август 2023), Албанија со 3.800 (до 7 јуни 2023) и Босна и Херцеговина со само 190 украински бегалци (до 27 август 2023).

Извор: Statista
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика