X
 20.03.2017 Наука

Од утре денот ќе трае подолго од ноќта



Денес, на целата земјина топка, денот и ноќта ќе траат подеднакво (поточно речиси подеднакво), по приближно 12 часа, во положба позната како еквиноциум.

Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денот ќе трае за околу 10 минути подолго.

На првиот пролетен ден, Сонцето ќе излезе околу 5 часот и 40 минути точно на исток, а ќе зајде околу 17 часот и 50 минути точно на запад. Веќе од вторник, денот ќе станува се подолг за сметка на ноќта, се до јунската долгоденица (солстициум), кога ќе започне летото. Моментално, Земјата е точно на просечна оддалеченост од Сонцето на 149,5 милиони километри.

Пролетта завршува на 21 јуни, кога во 4 часот и 24 минути на северната полутопка почнува летото. Значи од утрешните нешто повеќе од 12 часа, постепено до 21 јуни денот ќе се зголемува до 15 часа, а ноќта ќе се намали на само 9 часа (повеќе околу годишните времиња може да прочитате овде). Според тоа, следните 3 месеци или поточно 92 дена може да уживаме во пријатните и воглавно топли пролетни денови.

Пишува: Ивица Милевски - iGeo

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука