Дали има подобро место за прославување на будењето на пролетта од Кеукенхоф градината?
Оваа градина која се нарекува и „кујна градина“, е втора по големина во светот. Таа се наоѓаво Лисе, малечко гратче во Холандија, на помалку од еден час возење од Амстердам. Градината била создадена во 1949 година од градоначалникот на Лисе.
Целта била да се презентира цветна изложба од целата Холандија и Европа. Отворањето бил толку голем успех што уште од тогаш милиони туристи ја посетуваат секоја година. Во градината можете да пронајдете милиони цветни дрвја, зумбули, лалиња, ветерници и велосипедски патеки по должината на брегот - сите овие се дел од прекрасната холандска панорама што ја нуди градот. Градината е отворена секоја година од 20 март па се` до 17 мај. Посетете го ова прекрасно место и почувствувајте ја скапоценоста на пролетта и природата.
Линк до галеријата.