Компанијата „Порше Дизајн“ го претстави
лаптопот
Book One, кој има тело од анодизиран алуминиум.
Што се однесува до конфигурацијата, тој содржи УСБ-Ц портови, седма генерација на
Intel Core i7 CPU и многу други интересни елементи.
Освен тоа, екранот е чувствителен на допир и поседува стаклен
touchpad со врвна прецизност.
Овој убавец ќе биде достапен од април, по цена од околу 2.500 долари.