X
 09.04.2016 Здравје

Последиците на целодневното гледање во екран врз очите

Досега, веројатно сте слушнале дека целодневното седење пред компјутер предизвикува повеќе здравствени проблеми: зголемен ризик за рак, срцеви болести и здебелување, меѓу другото.


Експертите ги советуваат луѓето да стојат повеќе или да работат стоејќи, но многумина ги забораваат ефектите од работата пред компјутер на очите. Според Американската асоцијација на оптометристи, просечниот американски вработен поминува седум часа дневно пред компјутер, без разлика дали работи од дома или во канцеларија.

Како резултат, работниците имаат поголем ризик од синдромот на компјутерски вид, што е здравствена состојба со симптоми како замор на очите, главоболки, замаглен вид, суви очи и болка во рамениците и вратот.

За да го зачувате видот, асоцијацијата советува применување на правилото 20-20-20: Направете пауза од 20 секунди за да видите нешто на 20 стапки од вас на секои 20 минути.

Освен тоа, се препорачува поставување на компјутерскиот екран на 20-26 инчи оддалеченост од очите и малку под нивото на очите, почесто трепкање, редовни паузи од работата на компјутер, редовно чистење на екранот, подесување на контрастот и јачината на светлото од екранот во однос на позадината, елиминирање на светло однадвор.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје