X
 08.10.2018 Технологија

Пристигнуваат магични очила

Минатата година Скот Блеу стоел во редица пред камион за храна во Лос Анџелес кога погледот му ги фати вестите на телевизијата „Фокс њуз“. - Ова е смешно - си помислил тој. Не можел ни да избега од вестите, од сеприсутноста на екраните, на отворено. Можете свесно да изберете да го оставите телефонот, да го затворите вашиот лаптоп, но потоа некој друг екран ќе се појави на друго место, без разлика дали сакате или не.

Блеу, претприемач и инженер, се потсетил на истражување што неодамна го прочитал за нов вид технологија што можела да ја блокира светлината од екраните. Блеу се запрашал дали истата технологија би функционирала на очила за да ги блокира екраните што се насекаде.

Тој ја контактирал „Стилкејс“, компанијата што стои зад технологијата, и порачал примерок. Ги тргнал леќите од еден пар евтини очила и ги заменил со филмот. И, функционирало: Блеу можел да гледа низ леќите и да види сè - oсвен екраните, кои станале црни.

очила
Фото: IRL Glasses


Сега, Блеу и мал тим го претворија овој концепт во вистински производ. Нивните очила IRL беа лансирани на „Кикстартер“ оваа недела, блокирајќи ја светлината што доаѓа од LED и LCD-екраните. Во рок од три дена од лансирањето проектот ја надмина својата финансиска цел од 25.000 долари.

- Зависник сум од технологија. Се обидуваме да направиме поголема рамнотежа во нашите животи - вели Иван Кеш, основач на проектот.

Кеш сака да си игра со нашата опсесија со технологијата. Во минатото тој создал проект за претворање на е-пораки во рачно напишани писма, ги привлекувал луѓето да цртаат портрети од фејсбук-профилната фотографија на некоја личност и да ги истражуваат приказните зад последната слика од телефонот на непознати луѓе. За него, овие очила се совршени за ера во која луѓето се опседнати со екраните.

Заедно со Белу, Кеш регрутирал група доброволци со чија помош ги претворил очилата од концепт во реалност. Првично тие направиле прототип од очилата користејќи го филмот на компанијата „Каспер“, ставен врз обичните леќи. Но, тие подоцна сфатиле дека кои било поларизирани леќи ротирани за 90 степени и израмнети би можеле да создадат ист ефект на блокирање на екранот. Во моментот, нивните леќи може да ја блокираат светлината што ја емитираат LCD и LED-екраните, но не и OLED-екраните. Ова значи дека може да ги блокираат повеќето телевизори и некои компјутери, но не и нови паметни телефони како OLED-ајфоните.

Што се однесува до дизајнот, Кеш вели дека ги моделирале очилата по филмот „They Live“ од 1998 година, во кој еден пар магионичарски очила изложуваат сублиминални пораки во рекламите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија