X
 21.03.2017 Живот

Мапа на Европа според Ердоган

„Непријатно им е кога ги нарекуваме нацисти. Негодуваат заедно во солидарност. Нарочито Меркел“ – ова се зборовите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Овој коментар доаѓа по судирот на Турција со Холандија, Германија и Австрија.

Тензиите излегоа на површина кога овие земји им забраниле на турските политичари да одржуваат митинзи на нивна територија со цел собирање поддршка за престојниот референдум во април на кој Ердоган сака да ги прошири своите овластувања. Овој потег предизвика остри реакции кај турските власти.

По повод неодамнешните политички судири, на Интернет се појави и мапа на која може да се види како Турција гледа на Европа.


Имено, Ердоган секоја земја на Европа ја гледа како нацистичка, додека единствено Турција претставува земја на слободата и демократијата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот