X
 18.10.2019 Живот

Европол: Жените се способни за кривични дела колку и мажите

Жените се способни да извршат сериозни кривични дела исто толку и мажите, покажуваат податоците од веб-страницата на најбараните жени-бегалци во Европа.

Според соопштението на Европол, бројот на жени вклучени во криминални активности се зголемил во последните децении, иако темпото на тој раст е побавен отколку кај мажите.

Како едно објаснување за овој тренд, Европол наведува дека е можно технолошките достигнувања и социјалните норми да ги ослободиле жените од домашни работи и ја зголемиле нивната застапеност на „пазарот на криминал“.

Европол наведува дека податоците покажуваат дека криминалци од двата пола се барани за сериозни кривични дела, како што се убиство, трговија со дрога, измама, кражба и трговија со луѓе.

Европол ги повикува луѓето да обезбедат информации што би помогнале во пронаоѓањето на бегалците.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот