Семјуел Дејвид Кас работел од 2009 до 2014 година во Белата куќа како висок советника за начинот на исхрана на претседателот Барак Обама и како извршен директор на програмата „Let’s move“, предводена од Мишел Обама. Идејата била да се намали дебелеењето и да се воведе здрав животен стил кај децата.
Истражувањето кое го воделе, започнало со прашањата: Која е врската помеѓу растот на умот и растот на телата кај децата? Дали можеме да очекуваме децата да учат ако внесуваат повеќе шеќер и малку хранливи материи? Што децата можат да учат ако се гладни? Дали храната која ја внесуваме во училиштата им помага на децата да успеат?
Голем проблем сепак претставува сиромаштијата. Децата чии родители не можат да си дозволат здрав оброк јадат било што евтино и нездраво. Како дел од програмата „Let’s move“, Кас вовел во сите училишта кои имаат 40 проценти на деца со ниски приходи, служење на појадок и ручек бесплатно. Програмат била неверојатно успешна, бидејќи сите деца без разлика на тоа колку заработуваат нивните родители, во овој случај биле еднакви. Резултатот од сето ова бил пораст на оценките по предметите математика и читање за 17,5 проценти. Истражувањата покажале дека ако децата имаат хранлив и редовен појадок, шансите за матурирање се зголемуваат за 20 проценти.
Кас вели дека првиот чекор е децата да се хранат здраво. Тој истакнува дека квалитетната и здрава исхрана, обезбедува и стабилен и сигурен свет. Со тоа, според него, би се зголемила економската продуктивност, би се трансформирало здравството, па дури би се осигурале дека на Земјата ќе има доволно храна за идните генерации.