Шпански археолози минатата недела снимија големо откритие – отворање на гробница која била недопрена повеќе од 4.000 години во Асуан. Наводно, гробницата му припаѓа на Саренпут Втори, братот на еден од најважните владетели на 12. египетска династија.
Експертите од унизерзитетот Јаен го снимија отворањето на гробницата и откривањето на нејзините тајни, а повеќето од закопаните предмети се во добро сочувана состојба.
Египетските церемонии при погребувањето подразбирале комплицирани ритуали, големи подготовки и многу разновидни предмети. Старите Египјани верувале дека задгробниот живот е огледален приказ на животот на Земјата и дека сè што лицето користело во текот на животот, ќе му биде потребно на патот кон нивната верзија на рајот.
Во гробницата се пронајдени садови, дрвени ковчези, дрвени чамци и уште многу други работи, јавија повеќе светски медиуми.
Се работи за важно откритие и голем поттик за египетската
археологија, бидејќи дава надеж дека на тоа подрачје сè уште постојат објекти вредни за истражување.
Погледнете го видеото за отворањето на мистериозната гробница стара повеќе од 4.000 години: