X
 27.12.2017 Наука

Научниците откриле што ја предизвикува деменцијата

Научниците ја откриле големата причина за појава на деменција, која ќе помогне при дијагностицирањето и третирањето на болеста. Истражувачите посочуваат на токсичните нивоа на уреата во мозокот, која се смета дека е одговорна за оштетувањето во мозокот кое всушност доведува до деменција – неизлечлива невродегенеративна болест која предизвикува оштетување на меморијата и на способноста за размислување.


Уреа е биопродукт со протеински метаболизам, произведен во црниот дроб за да го отстрани амонијакот од телото. Исто така, уреата се излачува од телото преку урината, откако завршува филтрирањето во бубрезите.

Во студијата што е објавена од научници од Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и САД покажува дека болеста Хантингтон, еден од седумте главни вида деменција што се поврзани со стареење, има директна врска со нивоата на уреа во мозокот, како и со метаболичките процеси. Студија од 2016 година исто така ја поврзува уреата со Алцахајмеровата болест. Ова докажува, според научниците, дека нивното откритие може да се поврзи со различни видови деменција.

Сето ова ќе им помогне во процесот на дијагностицирање, а и при третирање на болеста. Сепак, потребно е да се спроведат истражувања за тоа како нивоата на уреа се зголемуваат. Најновата студија била спроведена на човечки мозоци, донирани од семејства на починати за медицински цели, како и на мозоци од генски модифицирани овци.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука