X
 28.03.2017 Технологија

Кои промени ги носи новото надградување на Фејсбук?

fb
Фото: Pixabay

Новото надградување на Фејсбук донесува промени кои на многу корисници нема да им се допаднат - меѓу нив е и функцијата за автоматско пуштање на видеото, проследено со звук.

Видеото е помеѓу најчесто споделуваните содржини на Фејсбук, за кое делумно е „виновно“ автоматското пуштање во текот на прелистувањето на содржината на вашата Фејсбук страна; со тоа Фејсбук ги присилува корисниците да видат барем дел од видеото, без разлика дали тие сакаат или не сакаат.

Оваа функција на оваа социјална мрежа може наскоро да стане уште поодбивна, бидејќи Фејсбук заедно со пуштањето на видеото ќе воведе и звук на истото. Моментално, видеото се пушта само меѓутоа тоа не е проследено со звук, а вие можете да започнете да го пуштите звукот само тогаш кога сами ќе го пуштите видеото. Но, надградбата за мобилни платформи која ја воведе Фејсбук донесува и звук на видеата. За среќа, постои начин како да го исклучите автоматското пуштање на видеото и звукот.

Како да го исклучите автоматското пуштање на видеото

#1 чекор - Отворете ја апликацијата Фејсбук и одете во „Settings“ односно иконата со три рамномерни линии во горниот десен агол.

#2 чекор - Откако ќе влезете во „Settings“ ќе видите слика од вашиот профил и линкови до различни страници, случувања, фотографии и слично.

#3 чекор - Одете надолу до делот „Help and settings“ и изберете ја опцијата „App Settings“.

Во делот „General“ одберете „Autoplay“. Тука ќе можете да изберете времето на автоматската репродукција на видеото - „On Mobile Data and Wi-Fi Connections“, „On Wi-Fi Connections Only“ и „Never Auto-play Videos“ - изберете ја последната опција.

Како да го исклучите автоматското пуштање на звукот

Звукот може да се исклучи на два начини: со исклучување на тонот, што е делумно решение или со исклучување на опцијата во „Settings“ под „Sounds in the app“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија