X
 26.07.2016 Технологија

Како е создадена мегапопуларната игра "Pokemon GO"?

Откако Google ја купил неговата компанија Keyhole за 35 милиони долари, сопственикот Џон Ханк ги развил Google Earth, Google Maps и Google Street View.

 

pokemon


Оваа база на податоци ја искористил за неодамна лансираната Pokemon GO, игра со проширена реалност која станува се' повеќе популарна, а има повеќе корисници од Facebook и заработува неверојатни 2 милиони долари на ден.

Новата апликација е толку популарна што го руши интернетот - серверите на компанијата паѓаат бидејќи не можат да поддржат толку побарувачка.

Креаторот на Pokemon GO, 49 годишниот Џон Ханке поминал години развивајќи мултиплеер игри и дигитални картографски сервиси. Сите производи кои ги создал во текот на неговата кариера се особено успешни, меѓутоа Pokemon GO може да се прогласи за најпопуларната мобилна игра во историјата.

Ханке пораснал во Крос Плеинс во американската сојузна држава Тексас. Тука завршил средно образование, а дипломирал на Универзитетот Тексас во Остин на интердисциплинирани студии, а потоа и магистрирал на Хас училиштето за бизнис на Универзитетот Калифорнија во Беркли,.

Пред заминувањето во Беркли, тој работел за американското министерство за надворешни работи во Вашингтон и Мјанмар. Веднаш после завршувањето на образованието тој основа две софтверски компании - Аrchetype Interactive и Big Network. Првиот поголем успех го постигнува работејќи на една од првите масивни мултиплеер игри - Мeridian 59. Оваа игра се смета за една од првите 3D игри од овој тип достапни за голем број играчи.

Во 2001 година Џон ја ко-основа компанијата Keyhol во која тој бил главниот извршен директор. Ова била пионерска компанија која специјализирала за геопросторни визуелизациски апликации. Прв инвеститор во компанијата бил инвестицискиот фонд на Sony,а потоа и произведувачот на графички картички NVIDIA и ЦИА. Шпионската компанија на американската влада во компанијата на Ханке вложила преку In-Q-Tel. Ханке за нив создал апарат кој собирал картографски и геопросторни податоци за војската.

Keyhole имал широка база на корисници во неколку сектори - градежништво, медиуми, урбано планирање, државни и сојузни влади, одбранбен сектор, но најмногу работела за министерството за одбрана, Националната агенција за мапирање и канцеларијата на шерифот на округот Мидлсекс.

 

jon


Компанијата станала уште повеќе позната во 2003 година за време на инвазијата на Ирак кога CNN, ABC, CBS и други телевизии го користеле нивниот софистициран 3D flyby приказ на Багдад. За тоа не добиле пари, туку само потпис под фотографијата. И секако, ова се исплати: една година подоцна се појави Google и за 35 милиони долари ја купи Keyhole, заедно со главниот производ - програмата наречена Earth Viewer.

Во 2005 година, оваа програма добива светска слава, а базната технологија се користи и за Google Maps, Google Mobile, Google Street View. Ханке преминал во Google на позицијата потпретседател на одделот и го надгледувал развојот и лансирањето на сите тие апликации.

„Google Earth беше едно од најголемите интернет лансирања на на сите времиња. Pokemon GO сега се наоѓа во идентична ситуација“, изјави МекКлендон.

Секако, прецизното мапирање е клучно за Pokemon GO кој ги користи картите на Google како своја база. На некој начин, Ханке го развива Pokemon GO скоро 15 години.

Во 2010 година во внатрешноста на Google Ханке ја основал компанијата Niantic Labs, старт-ап насочена кон проширената реалност. Првиот успех на оваа компанија бил тоа што привлекол 15 милиони корисници со играта Ingress. Станува збор за научно-фантастична игра во која две завојувани фракции се борат за контрола на илјадници портали насекаде низ светот.

Еден од обожавателите на оваа игра бил и Цунеказу Исхихара, првиот човек на компанијата Pokemon Company, заеднички проект на Nintendo и Game Frak te Creatures. Google и Pokemon Company соработувале на 1 април 2014 година кога го скриле малото чудовиште во Google Maps.

Ханке веднаш се согласил да ја развие Pokemon Go, пред да ја издвои Niantic Labs од Google. Потоа во октомври, од својот поранешен работодавец Google, од Nintendo и од Pokemon Company, добил 30 милиони долари капитал.

„Имавме многу корист од сите ресурси во Google, во поглед на техничките знаења. Но да се биде самостоен значи полесно да се преговара со компании како Nintendo и Apple, бидејќи Google секогаш е Google“, ги објаснува неговите мотиви Ханке.

Тој вели дека бил мотивиран од желбата да ги натера луѓето да се тргнат од компјутерските екрани и да започнат да вежбаат. „Мислам дека не сме создадени да седиме во темна соба со електроника. Повеќе ме воодушевува излегувањето во реалниот свет и градењето на вистински социјални односи“, вели Ханке.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија