Датумот 27 јуни 2016 година, остана запишан со златни букви во колективното сеќавање на жителите на Исланд бидејќи репрезентативците на оваа земја забележаа голема победа над Англија на Европското првенство во Франција.
фото извор: AFP/Halldor Kolbeins
Исланд со 2:1 славеше над Англија кои мораа по поразот да заминат дома. По мечот следуваше големо славење на играчите и навијачите, а најдобар доказ за тоа е до сега незапаметениот број на родени
бебиња, кој следел девет месеци подоцна.
Според исландските медиуми, болниците девет месеци по историската победа забележале рекорден број на епидурални анестезии.