X
 29.03.2017 Технологија

Како засекогаш да исчезнете од социјалните мрежи?

Сакате да исчезнете од просторот на социјалните медиуми? Уморени сте од Твитер, Фејсбук? Можете да исчезнете од социјалните медиуми, без воопшто да не изгубите драгоцени податоци.

фејсбук сметка

Фејсбук

За да го избришете вашиот Фејсбук профил одете во Settings>Security>Edit па Deactivate Your Account. Кликнете на линкот кој ќе се појави.

Едноставно е, но постои финта: со тоа не сте го избришале целосно профилот туку само го деактивиравте. Ако сакате целосно да го избришете, треба да ја отворите оваа страница и да кликнете Delete My Account. Ќе добиете некое време за размислување, а потоа Фејсбук ќе го закаже бришењето на сè што имате во рок од 90 дена.

Ако сакате нешто да зачувате, пред бришењето отворете Settings>General>Download a copy of your Facebook data. Ќе морате да ја внесете лозинката за да потврдите дека тоа сте вие. Ќе можете да преземете објави, фотографии, зачувани четови и уште многу работи во формат на HTML.

Гугл


Отворете ја страната од вашата сметка и кликнете Delete Your Account or Services. Наредната опција ќе ви овозможи бришење на некои делови од вашата сметка (како на пример, Јутуб) или бришење на сè одеднаш. Како и за Фејсбук, треба да внесете лозинка.

Ако изберете бришење одеднаш, ќе ви биде понудена листа од сè што ќе исчезне, од фотографии до музика. За да го потврдите бришењето, кликнете Delete Account.

Со секој сервис ќе добиете линк на кој ќе можете да ги преземите вашите податоци. До нив можете да стигнете преку главната страница на корисничката сметка, со кликање на Personal Info & Privacy и потоа да побарате Download Your Data па да изберете Create Archive.

Твитер

Бришењето на профилот на Твитер е едноставен. За да дојдете до вашите податоци пред бришење, одете Settings во веб пребарувачот, кликнете Account и потоа Request your archive.

За бришење на профилот кликнете Deactivate my account, а  ќе имате 30 дена доколку се предомислите.

Инстаграм

За да го избришете профилот на Инстаграм, ќе мора да ја отворите оваа страница. Кажете зошто го бришите, внесете ја лозинката и кликнете Permanently delete my account.

Можете и привремено да го деактивирате, така што ќе отворите Settings на вашиот профил, па потоа Temporarily disable my account.

Снепчет

По својата природа Снепчет не остава дигитални траги. Не нуди опција за бришење на профилот на самата апликација,  па затоа ќе мора да одите на веб страницата accounts.snapchat.com, да се логирате и потоа да кликнете Delete my account.

Јаху

Логирајте се на сметката и отворете ја оваа страница. Кога ќе го прочитате предупредувањето за последиците од бришењето, кликнете Terminate this Account.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија