X
 13.06.2017 Технологија

Смртна казна поради коментар на Фејсбук

фб
Фото: Reuters

Пакистанскиот суд осудил со смртна казна еден човек поради објавување на богохулна содржина на Фејсбук. Таимоор Раза бил осуден откако на социјалната мрежа во коментарите напишал нешто поврзано со пророкот Мухамед, своите жени и пријателите.

Јавниот обвинител кој бил вклучен во случајот верува дека ова е првпат некој да биде осуден на смрт поради активност на социјалните мрежи. Оваа пресуда ги загрижи борците за човекови права, додека Фејсбук уште нема коментари за случајот.

Американската компанија во март најави дека ќе испрати специјална работна група во Пакистан за со тамошната влада да разговара за нивните ставови кон богохулните содржини на социјалната мрежа. Од Фејсбук додаваат дека уште сакаат да ја заштитат приватноста и правата на своите корисници.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф богохулието го опишал како непростливо дело.

Адвокатот на Раза изјави дека Раза, не знаејќи со кого разговара, се впуштил во дискусија за исламот со службеник за борба против тероризмот. Јавниот обвинител изјавил дека обвинетиот е уапсен откако со помош на неговиот мобилен телефон на една автобуска станица пуштал говори на омраза и богохулен материјал.

Раза на смртната казна ќе може да се жали на повисок суд во Лахоре, а ако е возможно, ќе се жали и на пакистанскиот врховен суд.

Пакистан пред седум години привремено го забранил пристапот до Фејсбук бидејќи преку социјалните мрежи се промовирало натпреварување во цртање на пророкот Мухамед - чин кој многу муслимани го сметаат навредлив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија