X
 02.06.2018 Технологија

Изненадување! Тинејџерите не го сакаат „Фејсбук“

Не толку одамна „Фејсбук“ владееше во светот на социјалните мрежи. Временската бомба на Марк Закерберг ја срамнуваше конкуренцијата. Секако, ги губеше тинејџерите, но многу од нив само се пренасочија на други мрежи во сопственост на „Фејсбук“ како „Вацап“ или „Инстаграм“.

Сега, според истражувачкиот центар „Пју“, само 51 отсто од тинејџерите користат „Фејсбук“, што е за неверојатни 20 отсто помалку од процентот во 2015 година. Ова е големо предупредување за Закерберг.

Смартфоните станаа нераздвоив дел од животот на тинејџерите (95 отсто од тинејџерите на возраст од 13 до 19 години истакнале дека поседуваат паметен телефон или имаат пристап до таков телефон) и боењето на светот во сина боја, како штто „Фејсбук“ сакаше, сега изгледа само како пуста надеж.

Егзодусот се приближуваше подолго време, но во последните неколку години се забрзува бидејќи тинејџерите масовно се откажуваат од платформи како „Фејсбук“ и „Твитер“ и се префрлаат на „ЈуТјуб“ и „Снапчет“. Токму последниве две се најголем проблем за Закерберг.

Околу 32 отсто од тинејџерите велат дека користат „ЈуТјуб“ почесто од која и да е друга социјална платформа, додека 35 отсто тоа го велат за „Снапчет“. Само десет отсто истакнале дека најчесто го користат „Фејсбук“. И додека 51 отсто од тинејџерите се уште велат дека го користат „Фејсбук“, барем повремено, тој број е блед во споредба со  оние за „Снепчет“ (69 отсто), „Инстаграм“ (72 отсто) и „ЈуТјуб“ (85 отсто).

Фото: The Next Web

Бројките не откриваат колку често тинејџерите ги користат овие платформи, па е тешко да се каже дека „Фејсбук“ е „мртов“ за тинејџерите, но треба да се запрашате колку од тој 51 отсо од тинејџерите на возраст од 13 до 17 години кои велат дека ја користат платформата го прават тоа само за да се приклучат на „Инстаграм“ или на „Месинџер“.

Закерберг се обиде да ги освои тинејџерите со неколку потези како копирањето на „сторито“ од „Снепчет“, со што сега ја поразува таа социјалн мрежа. Сепак, сите копирања на нешто од другите социјални мрежи наидоа само на едно „мех“ од страна на тинејџерите. Сега сите се прашуваат дали остана уште нешто да се украде од „Снепчет“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија