X
 04.04.2017 Култура

Њујорк се откажа од „највалканиот“ социјален експеримент


Подземно метро.
(Фото: Tanjug/AP Photo/Bebeto Matthews)

Заради огромните количества ѓубре во еден од најголемите и веројатно највалканите метро-системи во светот, каков што е њујоршкиот, неколку години наназад беше спроведуван еден  необичен социјален експеримент: отстранување на кантите за ѓубре на 39 од околу 400 постојки, сметајќи дека тоа може да ги одврати  луѓето од фрлање отпадоци.

Но, се покажа дека и тој обид не го дава очекуваниот резултат. Луѓето и понатаму фрлале пластични шишиња, хартиени чаши и други отпадоци на платформите од метрото и на шините, кои ги привлекуваат секогаш гладните стаорци.

Така, управата на метрото МТА, се одлучи повторно да ги врати кантите за отпадоци.

„Ни требаа пет години, но задоволни сме што ја утврдивме потребата да го прекинеме тој контроверзен експеримент кој не донесе подобрено однесување на патниците во метрото“, вели функционерот Томас Динаполи.

Причината за ова може да има врска со темпото на живот во Њујорк и со културата на користење на предмети за еднократна употреба, кои им се најпогодни на жителите.

Затоа, МТА се враќа на традиционалното решение за справување со 40 тони ѓубре дневно во подземната железница : чистење со поголем интензитет. Новата пограма предвидува работниците за две недели да чистат по 90 метро-станици, што е трипати повеќе од вообичаената норма. Сега се испробуваат и нови преносни смукачки за отпадоци, како и посебни вагони со смукачки кои за кратко време можат да празнат 3.500 корпи за отпадоци во подземните постојки.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура