Денес во Њујорк се поставени 60 клавири, офарбани и насликани од еминентни уметници како музичарката Роберта Флек, актерката Кејт Мекинон и од актерските постави од неколку бродвејски претстави на Бродвеј.
Добро утро! Шеесетте клавири поставени ширум „Големото јаболко“, најпрво на Менхетен а потоа и на други места, ќе значат и можност за секого кој има волја да седне и да ја отсвири својата омилена партитура пред случајни минувачи и љубители на уметноста.
Оваа иницијатива е дел од проектот „Да пееме за надеж“ (
Sing for Hope), а ова лето се навршуваат шест години од оваа манифестација која е во организација на неколку непрофитни организации од Њујорк.
Погледнете го видеото: