Можеби им биле потребни 29 и пол години и бројни изданија на неколку различно конзоли, но „Нинтендо“ на крај сепак ја поправи граматичката грешка во култната игра „The Legend of Zeldа“.
Фото: YouTube/screenshot
Имено, во првото издание на играта од 1987 година, во првото ниво, креаторите на играта ја дуплирале буквата „n“, па така зборот „peninsula“ го напишале „penninsula“.
Грешката конечно е поправена во верзијата која излезе пред неколку месеци за „NES Classic Edition“, а поправката прв ја забележал Клајд Манделин, автор на книгата за
играта „Legends of Localitazion Book 1: The Legend of Zelda“.