X
 08.07.2016 Култура

Следната сезона на "Game of thrones" ќе доцни со емитувањето

Се чини дека фановите на „Game of thrones“ седмата сезона ќе ја чекаат подолго време отколку што мислеа. Досега, секоја сезона излегуваше во април.

 

трон


Но, сега премиерата на првата епизода ќе биде подоцна, иако не е дефинирано точно кога. Оваа вест ја потврдија авторите на серијата Дејвид Бениоф и Д.Б.Вајс.

„Засега немаме точен термин за емитување, но изгледа дека серијата ќе започне нешто подоцна од вообичаениот период поради тоа што ќе започнеме подоцна со снимање. На крајот од шестата сезона пристигнува зима, а тоа значи дека сончевото време повеќе нема да биде од никаква корист. Сето тоа малку го одложивме за да го фатиме сивилото на зимата дури и на некои од сончевите локации на кои снимаме“, вели Вајс.

Луѓето се малку зачудени бидејќи поголемиот дел од снимањето се одвива во Белфаст кој и онака никогаш не е премногу сончев. Постои уште една работа која оди во прилог на одложување на емитувањето на серијата подоцна. Седмата сезона нема да ги има вообичаените 10 епизоди. Бениоф и Вајс процениле дека имаат материјал за уште вкупно 13 епизоди од целата серија. Со оглед на тоа што HBO планира емитување на уште две сезони, тоа значи дека претстојните сезони ќе бидат доста пократки од првите шест.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура