Еден твитер-корисник наишол на фасцинантно откритие - старото упатство за „Тетрис“, а во него пронашол нешто уште пофасцинантно. Блоковите во играта „Тетрис“ имаат имиња, кое од кое полудо.
- Постојат седум тетрис-блока, а нивното познавање е суштинско за усовршување во
играта - пишува во упатството, а имињата се: „Оринџ Рики“, „Херој“, „Блу Рики“, „Кливленд Зи“, „Роуд Ајленд Зи“, „Тиви“ и „Смешбој“.