X
 12.04.2017 Технологија

Неверојатна снимка од историското слетување на ракетата на „SpaceX“

raketa
Фото: SpaceX/Flickr

„SpaceX“, компанијата на технолошкиот могул Илон Маск објави неверојатно ново видео на „Instagram“ кое ве носи на палубата на автономниот брод за слетување на ракети наречена „Of Course I Still Love You“.

Камерите поставени на палубата на бродот го снимија последното слетување на 30 март, 2017 година - еден од најважните моменти во историјата на „SpaceX“.


„Беа потребни 15 години за да дојдеме до целта“, изјави Маск за време на лансирањето на ракетата.

„Немам зборови“, додаде тој.

„SpaceX“ состави три видеа со цел да го претстави целото слетување.

За да имате идеја како сето тоа изгледа, во продолжение фотографијата во детали ви го прикажува секој дел на „Falcon 9“.

2

Орбиталните ракети се комплексни мултимилионерски машини кои испраќаат сателити, материјали и луѓе во вселената. Сепак, уште од почетокот на ерата на вселената, сите ракети кои сме ги користеле станале отпадоци откако нивните мотори се запалиле. Но, „SpaceX“ тоа успеа да го промени со целосната повторна употреба на засилувачот „Falcon 9“.

„Ова ќе биде огромна револуција за вселенското летање“, вели Маск.

„Ова е потенцијално револуционерен чекор“, изјави Џон Логсдон, експерт за вселенска политика и историчар во Институтот за вселенска политика на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

„SpaceX“ исто така планира да ги испрати првите човечки патници во вселената во 2018 година, и да започне да ја покрие Земјата со голема брзина на интернет користејќи 4.425 сателити.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија