Шеикот Хамдан бин Мухамед, принцот на Дубаи, објави видео од костим за екстремни спортови „Х- Дубаи“, на кое се прикажува полетување од пристаниште, летање преку Арапскиот Залив и издигнување на 180 метри во височина со помош на крилја. На крајот се слетува со падобран.
Овој костим, кој беше презентиран од страна на пилотот Винс Рефет, ги потсети многумина на костимот на Железниот човек. Тестирањето на ова откритие се случи на 14 февруари и почна со полетување од земја, а не од хеликоптер или некоја друга издигната платформа.
Фото: Jetman.com
По завршувањето на тестот Рефет изјавил дека нивната следна цел е да може да се слета со него без дополнителниот падобран.
Мисијата „Човечко летање“ е проект кој е поддржан од „Експо 2020 Дубаи“. Костимот од јаглеродни влакна е дизајниран од експертот Ив Роси од Швајцарската авијација и функционира со помош на четири мали мотори кои патуваат со брзина од 160 км/ч.
Овој костим не се препорачува за аматери, особено не во оваа фаза на развивање. Рефет изјавил дека извршил 50 подготвителни проби пред да го проба новиот изум.
Извор:
Theweek.com