X
 14.04.2017 Економија

Што е најпотребно на децата да им биде овозможено од возрасните?

Александра Соломон е професорка по клиничка психологија на Универзитетот Нортвестерн. За порталот “Psychology Today” објаснува што им е на нашите деца попотребно и од здрава исхрана, уредна облека и приватни часови.

девојче


„Татко ми умре пред четири и пол години. За време на тие денови на жалење и заедништво, моите двајца браќа ги прашаа, и тоа сосема одвоено, што најмногу им недостига од татко им. Браќата дадоа исти одговори. Од збор до збор. Рекоа дека им недостига блаженоста на лицето на татко ни кога ќе влезе во собата.

А сега мал вовед за моите браќа. Тие се типични деца. Мажи кои порадо би разговарале за камиони отколку за чувства. Мажи кои порадо би гледале спорт наместо романтична комедија. Мажи кои ги држат своите чувства близу до своите гради. Мислам дека е неверојатно чувствително што нивниот најдраг спомен од татко ни е таа искра во неговите очи кога ги гледал.

Но има смисла зарем не? Тоа е во срежта на човечките суштества. Сакаме да не видат. Сакаме некому да му бидеме значајни. Сакаме другите да сакаат да бидат близу до нас. Тие нешта го сакаме како мали деца, а ги сакаме и кога сме целосно возрасни.

Тони Морисон, познат книжевник која во 1993 година доби Нобелова  награда за собрани дела и лауреат е на Пулицерова награда, во интервју со Опра Винфри во 2000 година аборуваше за „родителскиот“ начин на размислување кој веќе долго го практикувала. Кога нејзините деца ќе влегле во собата ќе ги погледнела за да се осигура дека не се искинати и валкани. Во еден момент сфатила дека го пропушта она што е важно, а тоа е покажување на љубов која јасно ја чувствувала кон нив.

Ги повикала родителите да се запрашаат:

„Дали Вашето лице ќе се разведри кога децата ќе влезат во собата?“

Многу се пишувало за притисокот кој современите родители го чувствуваат. Многу од нас работат повеќе отколку што нашите родители работеле и кога на крај ќе дојдеме дома тешко ги исфрламе стресните мисли од главата. Заедничките оброци се ретки. А и кога заедно ќе вечераме постојат различни уреди во нашите раце... Дури и во цела таа фрка и збрка, мислам дека можеме да го прифатиме предизвикот на Тони Морисон. Секој ден можеме да пронајдеме некое време во кое целосно и свесно ќе им покажеме на децата што чувствуваме кон нив.
Чувството дека некој не чува, пред сѐ дека не гледа, без сомневање е она што на нашите деца им е најпотребно од нас. Тоа им е попотребно отколку помошта околу домашните задачи по математика, многу повеќе од приватни часови по виолина, и значително повеќе од брокули. Децата сакаат да Ве расположат.“
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија