X
 17.04.2017 Технологија

Се „шушка“ дека „Епл“ би можел да го купи „Дизни“


Стив Џобс и Боб Ајгер
(Фото: Getty images)

Доколку би се остварило ова преземање, новата компанија би вредела над милијарда долари и би имала неограничена можност кога станува збор за содржините и технологијата во светот.

Шпекулациите ги покренала „RBC Capital Markets“, која наведува дека целата приказна почнува и завршува со даночните неволи што ги има „Епл“, односно ослободувањата што ѝ ги обезбедиле некои земји.

„Се разбира, инвеститорите внимателно ќе набљудуваат и ќе реагираат доколку овие размислувања се покажат како точни“, рекле аналитичарите на „RBS“, Стивен Кахал и Лео Кулп.

Спојувањето на „Епл“ и „Дизни“ би било главен конкурент на можниот „Нетфликс“, особено имајќи ги предвид компаниите што ги има „Дизни“ (Стар Ворс, Маус Хаус) и корисничките бази на „Епл“.

Во прилог на овие гласини е и изјавата на шефот на „Епл“, Тим Кук, дека се отворени за аквизиција од кој било размер.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија