X
 21.04.2017 Живот

Кој е најбогатиот Русин?

Леонид Михељсон, ко-сопственик на руската компанија за производство на гас „Новатек“, е најбогатиот Русин втора година по ред, со богатство кое се проценува на 18,4 милијарди долари.


Михељсон (61), го зголемил своето богатство за 4 милијарди долари во однос на минатата година и е на листата на „Forbes“ на 200 најбогати руски бизнисмени, па во 2017 е на правото место.

Освен поголемиот дел од уделот во „Новатек“, тој исто така им удел и во петрохемиската компанија „Сибур“.

Вкупното богатство на најбогатите Руси во моментов изнесува 460 милијарди, што е повеќе од 100 милијарда во една година. Бројот на милијардери исто така е зголемен, од 77 на 96. Причина е засилувањето на рубљите во однос на доларот и поволните услови на глобалниот пазар на сировини.

Второто и третото место на листата го имаат „кралевите на челикот“.

Алексеј Морадошов (51), сопственик на „Северстал“, е на второто место со богатство од 17,5 милијарди долари, а на третото со 16,1 милијарда долари богатство се наоѓа Владимир Лисини (60_, претседател на металуршкиот комбинат  „NLMK“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот