До своите 35 години синот на сиромашен фармер од Колумбија станал еден од најбогатите во светот, но воедно и „Крал на кокаинот“ и лидер на картелот Меделин одговорен за 80% од глобалниот пазар на кокаинот.
Целокупното богатство на
Пабло Ескобар не може да се процени поради природата на парите од трговија со дрога, но се стигнува до цифра од 30 милјарди долари.
1. Во средината на 1980-тите картелот на Ескобар имал неделни приходи од 420 милиони долари, или 22 милјарди годишно.
2. „Кралот на кокаинот“ се нашол на листата на милјардери на Форбс 7 години последователно, од 1987 до 1993. Во 1989 бил седмиот најбогат човек во светот.
3. До крајот на 1980-тите тој снабдувал 80% од кокаинот во светот.
4. Секој ден во САД шверцувал 15 тони кокаин.
5. Со други зборови, четворица од пет Американци шмркале кокаин снабден од Пабло Ескобар.
6. „Кралот на кокаинот“ губел 2,1 милјарда долари годишно во профит секој месец, но тоа не било од голема важност. Тој не можел толку брзо да ги испере парите и почнал да сокрива готовина во земјоделските површини на Колумбија, магацините и во ѕидовите на домовите од членовите на картелот. Главниот сметководител Роберто Ескобар, во неговата
книга вели дека тој заработувал толку многу што секоја година се губеле 10% затоа што биле изедени или оштетени од стаорци. Тој имал повеќе пари отколку што можел да се справи и ова не му било важно.
7. Ескобар трошел 2,500 долари на гумени ластици секој месец. Освен сокривањето проблем била и организацијата и според Роберто Ескобар 2500 долари месечно се трошеле за оваа намена.
8. Еднаш запалил оган со 2 милиони долари затоа што на ќерка му ѝ било студено. Во интервју во 2009 година синот на Ескобар, Хуан Пабло, за животот на семејството изјавил дека постојано се криеле во планинските предели на Меделин, а ќерката Мануела тогаш добила хипотермија. Хуан Пабло си го променил името во Себастијан Марокин.
9. Неговиот прекар бил „Робин Худ“ откако почнал да дава готовина на сиромашните и за изградба на домови за бездомниците. Изградил и 70 терени за фудбал и зоолошка градина.
10. Со владата на Колумбија се спогодил да биде во затвор, но во луксузен затвор што тој го изградил и именувал „Катедралата“ (La Catedral). Според договореното му било дозволено да бира со кој ќе биде во затвор од каде продолжил да го води бизнисот и да прима посетители. „Катедралата“ имала терен за фудбал, место за скара и двор, а на колумбиските власти не им било дозволен пристап до околу 5 километри.