Г. Елснер доаѓа во Македонски Телеком во 2014 година, на чело на Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а од 2015 година е Главен оперативен директор за приватни корисници, каде имаше клучна улога во развојот и реализацијата на стратегијата за конвергирани решенија и услуги.
Во неговата шестнаесетгодишна кариера работел на раководни позиции во телекомуникацискиот бизнис во Австрија, Србија, Бугарија и Македонија. Неговото портфолио вклучува национален и интернационален маркетинг менаџмент, бренд менаџмент, маркетинг комуникации, формирање на цени и развој на производи, позиционирање на производи и брендови, односи со јавноста, деловен развој и позиционирање на пазарот.
Роден e во Виена, Австрија, каде и се школувал. Дипломирал Маркетинг, рекламирање и продажба на Универзитетот за економија и деловна администрација.
Андреас Елснер го замени Андреас Маиерхофер, кој беше назначен за Главен извршен директор на Т-Мобиле Полска на 1 април, 2017 година.