По долгото топло лето, викендов, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, нè очекува разладување со дожд, грмежи, а наместа и град.
Прогнозата за утре вели дека ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, соопштија од УХМР.
Фото: УХМР
В недела минималната температура ќе се движи 10°C до 18°C, додека максималната од 26°C до 33°C. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.
Синоптичарите од УХМР за в понеделник прогнозираат минимална температура од 12°C до 19°C и максимална од 25°C до 32°C. Следната недела ќе ја започнеме со променливо облачно време со слаб до умерен, а по Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Фото: УХМР