Градинката сепак може да влијае на појавата на агресивно однесување на определена возраст. Сте се прашале ли некогаш како градинката влијае врз вашето дете? Дури и можеби веќе сте прокоментирале дека „не знаете од каде вашето дете усвоило некој збор, израз или однесување, сметајќи дека тоа го ’собрало‘ во градинката“.
Новите студии покажуваат дека градинката нема негативно влијание врз однесувањето на детето ниту пак престојот во неа поттикнува агресија.
Резултатите од студијата се објавени во списанието „Psychological Science“, а истражувањето е спроведено на 939 деца од Норвешка, на возраст од шест месеци до четири години, чии воспитувачи пријавиле определено непосакувано однесување како плукање, гризење, удирање или туркање. Се покажало дека количината на нивното негативно однесување пропорционално се намалува со зголемување на времето поминато во градинка.
Исто така, студијата покажала дека кај децата на возраст од две години градинката, сепак, во мала количина влијае врз појавата на детска агресија, но само во случаи кога децата на најрана возраст го почнале престојот и долг период од денот поминуваат во градинка. Истите деца, постепено ги губеле трагите на агресивност до навршувањето четири години и не постоела никаква можност статистички да се измери и спореди должината на престојот во градинка со порастот на агресија.
„Тоа е во спротивност со она што се очекуваше, затоа што токму за малите деца долготрајниот престој во градинка е многу ризичен“, објаснува Ерик Диаринг, водичот на студијата.
Многу родители радосно ја поздравиле оваа новост.
„На родителите им е полесно по ова
истражување затоа што можат да бидат поспокојни ако мораат да ги праќаат своите деца во градинка заради своите работни ангажмани“, искоментирал Диаринг.