X
 04.02.2018 Наука

Животно кое може да живее засекогаш

глодари
Фото: АР

Меѓу сите суштества во овој свет што би можеле да се сметаат за живи, вклучувајќи ги и луѓето, постои универзална вистина - умираме. Но не сите поминуваат низ постепениот (и на крај брз) процес на самоуништување, што го сметаме за стареење. Некои животни и растенија, како што се медузите, желките и дрвјата се чини дека имаат некаква биолошка бесмртност.

Неодамнешно истражување обезбедува повеќе докази дека постои барем уште едно животно што можеме да го додадеме на таа листа: голиот крт-стаорец.

Научниците од „Калико“, истражувачка фирма под чадорот на матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“, со години проучувале повеќе од 3.000 крт-стаорци. Вооружени со детална евиденција за нивното раѓање и смрт, тие создале модел за тоа колкава е веројатноста дека одреден стаорец ќе умре во одредена точка од неговиот животен век. Стаорците умирале често, меѓутоа истражувачите не можеле да пронајдат скок во ризикот од умирање, како што стаорците станувале постари. Најстариот крт-стаорец на крајот од истражувањето бил над 30 години.

Колку за споредба, глодарите со слична големина, што живеат во заробеништво, обично живеат околу шест години. Освен тоа, типичниот шестогодишен глодар би покажал знаци на стареење и би ја изгубил способноста за репродукција. Во меѓувреме, најстарата женка од истражувањето на „Калико“, била совршено способна за раѓање, бидејќи не доживеала менопауза.

„Ова е првиот цицач во кој има недостаток на внатрешна смртност со зголемување на возраста“, вели авторот на истражувањето Рошел Буфенштајн.

Научниците, вклучувајќи ја и смаата Буфенштајн, детално ја анализирале оваа импресивна долговечност, меѓутоа ова е првото истражување што се потпира на голем детален примерок.

Кртовите-стаорци живеат под земја во големи системи, како дел од колонијата што може да содржи стотици животни, со една до три женки и неколку мажјаци одговорни за размножување. Според Буфенштајн, она што ги прави овие животни чудни е дека женките стаорци одговорни за размножување имаат поголема шанса за смрт отколку женките што не се размножуваат. Ова би можело да е исклучок од теоријата на стареење за „еднократна употреба“, што теоретизира дека микроорганизмите имаат само ограничен износ на енергија за трошење на важни биолошки процеси како репродукција.

Во текот на 30 годишниот период во кој истражувале, само 400 крт-стаорци починале од природни причини. „Видовме дека животните умираат со знаци на пародонтална болест, заболување на бубрезите или губење на мускулите, но ова може да се случи на било која возраст“, вели Буфенштајн. Овие глодари ретко развивале други болести поврзани со стареењето, како што е ракот. А и нивното однесување во голема мера останало исто без разлика на нивните години.

Сето ова укажува дека овие глодари би можеле да живеат сè додека имаат доволно среќа да избегнат одреедена болест или повреда.

Најстариот крт-стаорец што сега го имаат е 35 годишен мажјак, а научниците на „КаликО“ планираат будно да го следат колку што можат подолго. Нивната долгорочна цел е да ги искористат информациите што ги собираат за да го разберат начинот на укинување на процесот на стареење кај луѓето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука